Телевизијата „Си-Ен-Ен“ одлучи вработените кои можат да работат од дома да не доаѓаат во деловните простории во САД поради повторно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот.

Тоа го правиме од претпазливост. Ние ги штитиме и оние кои треба да дојдат на работа со тоа што максимално го намалуваме бројот на луѓе околу нив – изјави директорот на „Си-Ен-Ен“, Џеф Закер.

Вработените кои мора да доаѓаат на работа ќе треба постојано да носат маска.

„Си-Ен-Ен“ планира да направи измени и во телевизиските студија и режии, со цел и таму да се намали бројот на луѓе.

Телевизијата бара сите вработени кои доаѓаат во канцелариите да се вакцинираат против Ковид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.