Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави тајни документи, а некои историчари и теоретичари на заговор веруваат дека тоа би можело да фрли нова светлина врз атентатот на Џон Кенеди во 1963 година, објави „Си-Ен-Ен“.

Но, тоа што се објавени над 1.500 документи не значи дека сите се отворени за јавноста. Голем број документи се уште се недостапни и делумно цензурирани, така што вечната дебата меѓу федералните власти и луѓето што го истражуваат атентатот на Кенеди ќе продолжи.

Долгогодишните истражувачи на овој историски настан велат дека во објавените документи најверојатно не се вклучени оние кои би можеле да понудат некои нови клучни докази и да ги променат фактите што јавноста ги знае за овој настан, како и околностите пред и по атентатот.

Во октомври, Бајден го одложи објавувањето на документите со цел да ги заштити работите важни за САД. Тој тогаш постави два рока за објавување, денешниот датум и 15 декември следната година. Тогаш ќе бидат објавени новите документи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.