Шведскиот премиер Стефан Ловен ја соопшти својата оставка на функцијата, една недела откако му беше изгласана недоверба во парламентот.

Гласањето недоверба беше ставено на дневен ред откако партијата Левица ја повлече поддршката за малцинската влада на Ловен поради судир околу предложените реформи на шведскиот пазар за рентирање. Ова беше првпат еден шведски премиер да ја изгуби власта прелку изгласување недоверба.

Социјалдемократот Ловен, на прес-конференција изјави дека одлучил да не закажува нови избори поради пандемијата со корона вирусот.

Следните општи избори се закажани за септември 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.