Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца.

Гледаме загрижувачки извештаи за пренатрупани тераси од кафулиња и ресторани. Дозволете ми да бидам многу јасен. Не сакам да видам пренатрупани тераси од рестораните во Стокхолм или кое било друго место – изјави министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг.

Владата апелираше до 290 локални самоуправи да известуваат за тоа како кафулињата и рестораните ги применуваат препораките од Агенцијата за јавно здравје.

Овие упатства мора да се почитуваат, во спротивно локалите ќе бидат затворени- истакна Дамберг.

Шведска се одлучи за релативно либерална политика во борба со пандемијата на Ковид-19, па наместо рестриктивни мерки, одлучи кафулињата и рестораните да останат отворени, како и училиштата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.