Шведската влада сака да избегне трет бран на ковид-19 и најави дека ќе воведе локални карантини и да затвора јавни места, како трговски центри, ресторани, базени, теретани и спортски објекти. Парламентот по брза постапка усови Закон за пандемија, што треба да стапи на сила на 11 март.

Мерките ги најави министерката за здравство Лена Халенгрен и рече дека е загрижувачки што бројот на нови случаи на зараза расте.

Го следиме развојот со голема загриженост. Постои реална можност од трет бран на коронавирус, изјави Халенгрен.

„Декретот за затворање“ ќе ѝ овозможи на владата да затвора јавни места и несуштински бизниси, но за одлуката претходно ќе мора да се расправа и во парламентот.

Во моментов ништо не затвораме, туку владата сака да има спремни мерки, што ќе може да се применат во иднина, во случај на сериозен трет бран, кажа Халенгрен.

Шведски пристап кон коронавирусот е светски познат и се базираше на одговорноста на поединците, без да се воведат строги ограничувања и национален карантин. Владата само излезе со препораки.

Шведска досега регистрираше 618.000 случаи на зараза и 12.500 починати од ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.