Кандидатот за нов премиер на Шведска, ултрадесничарот Улф Кристерсон, објави дека се откажува од обидот за формирање влада по падот на левоцентристичката влада.
Не постојат парламентарни услови за формирање нова влада на десниот центар – потврди Кристерсон на прес-конференција.
Со оглед на сегашниот парламентарен состав, се очекуваше Кристерсон да успее да се избори да добие потребна парламентарна поддршка.
Во неговиот последен обид да придобие некои членови на Парламентот да му дадат поддршка, Кристерсон вети амбициозен пакет реформи насочен кон рурален развој, што беше одбиен од група центристи со што ги поткопаа неговите планови за формирање влада.
Од Кристерсон се очекуваше да се обиде да формира нова влада откако на поранешниот премиер Стефан Ловен, социјалдемократ кој предводеше кревка левоцентристичка влада, му беше изгласан недоверба минатата недела и веднаш потоа поднесе оставка од премиерската функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.