Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните сили на ОН, синоќа изјави дека ќе ја врати наградата во знак на протест поради синоќшното доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.
Швеѓанката како лекарка на ОН во 1992 година прва проговори за систематските силувања за време на војната во Босна и Херцеговина и укажала што се случува.
Синоќа таа се обрати пред стотици лица собрани во Стокхолм во знак на протест против одлуката на Шведската академија да го врачи признанието на Австриецот, кој за време на војните во поранешна Југославија го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ и кој отворено негоира дека во Сребреница се случил геноцид.
Му честиташе и му ја даде наградата. Сега својата ја враќам…сега својата јас ќе ја вратам, изјави таа пред насобраните, покажувајќи го медалот в рака. Насобраните гласно и аплаудираа и го извикуваа нејзиното име.
Таа се присети на војните на Балканот, од каде известувала и укажувала на злосторствата кои се случуваат. Таа зборуваше за смрдеата на распаднатите тела и ужасите на кои сведочела.
Додека сум жива ќе сведочат за вистината за ужасната војна никогаш да не биде негирана, потенцираше нобеловката Доктаре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.