Шведската Агенција за јавно здравје соопшти дека ја препорачува вакцината „Комирнати“ на „Фајзер/Бионтек“ за аплицирање кај деца на возраст од 12 до 15 години и воедно информира дека нема да ја користи вакцината „Спајквакс“ на Модерна.
Европската агенција за лекови ја одобри употребата на „Комирнати“ во мај, додека „Спајkвакс“ доби одобрение за употреба кај деца над 12 години во јули.
Општо земено, имаме причина да ја избереме вакцината за која најмногу знаеме и која е најдокажана кога станува збор за деца на возраст од 12 до 15 години – нагласи државниот епидемиолог Андерс Тегнел.
Шведските здравствени власти велат дека има повеќе докази за употреба на „Комирнати“ кај деца.
Затоа, „Спајквакс“ не се препорачува за најраната возрасна група во Шведска – велат од агенцијата.
Во септември, агенцијата објави дека вакцинацијата на деца на возраст од 12 години и повеќе ќе почне на 11 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.