Шведска денеска пријави дека од Ковид-19 починале 185 лица, а дополнително се заразиле 545. Со тоа бројот на регистрирани случаи во таа земја порасна на 15.322, а смртни на 1.765.

Се работи за пораст на бројот на новозаразени наспрема претходниот ден кога имало 392 нови случаи. Исто така, во последниот 24-часовен период во таа земја пријавен е најголем дневен број на починати од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на страницата Worldometers.

Овде е важно да се напомене дека не се работи за тоа дека во Шведска во еден ден починале 185 лица. Имено, како што пишуваат шведските медиуми, во текот на викеднот доаѓа до доцнење во пријавувањето и дополнувањето на податоците за таквите случаи и мртвите. Токму поради тоа Шведска во текот на викендот пријавува само 10-тина смртни случаи. Бројот на починатите во текот на викендот се собира во текот на неделата и се објавува заедно со статистиката на починатите во деновите во текот на неделата.

Моментално, службено е регистрано дека 21 лице починале вчера и три денеска, објавија шведските медиуми, а на тој број му е додаден бројот на оние кои починале во текот на викендот и во понеделникот.

Затоа во текот на викендот во Шведска гледаме голем „пад“ на бројот на починати, додека во вторник тој број нагло „скока“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.