Арнолд Шварценегер и Грета Тунберг имаат барем една заедничка работа – и двајцата говорат и се борат против климатските промени. Но, обајцата поради тоа добија негативни реакции од американскиот претседател Доналд Трамп.

Шварценегер призна дека бил импресиониран кога го запознал девојчето во Австрија порано годинава и ѝ ветил дека ќе направи сѐ што може за да ѝ помогне, па дури ѝ го понудил и својот електричен автомобил Хамер при нејзина посета на САД.

Меѓутоа, понудата на глумецот била по малку неизводлива, како што рече неговиот гласноговорник, со оглед на тоа дека ќе требаше Хамерот да се пренесе преку целата земја. Затоа, наместо тоа, Шварценегер на Грета ѝ обезбедил Тесла модел 3, за таа да се вози низ САД на еколошки прифатлив начин.

Тунберг на неодамнешниот Самит за климатските промени при Обединетите Нации, пристигна со јахта на соларен погон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.