Федерацијата на синдикати на Швајцарија побара поголеми старосни пензии и зголемување на платите, како и намалувањето на премиумите за здравствено осигурување, за да се зголеми купувачката моќ за швајцарските потрошувачи.

Презентирајќи листа на десет мерки во четвртокот, претседателот на Федерацијата, Пиер – Ивес Маилард истакнал дека постарите луѓе се најмногу погодени од влошената ситуација.

„Купувачката моќ во нашата држава се намалува и покрај растот на економијата. Ова е уникатно, неправедно и загрижувачко доколку го земеме во предвид тоа што би можело да се случи за време на криза“, вели Маилард.

Според него, важно е на пензионерите кои примаат старосна пензија да им се зголемат пензиите со помош на средства од Националната швајцарска банка.

Маилард истакнал дека Федерацијата ќе покрене иницијатива за вовдување на 13 пензија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.