Поранешниот лидер на Слободарската партија на Австрија (ФПО) и поранешен вицекандцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска се враќа на политичката сцена со говор на собирот на Сојуз за Австрија (ДАО).
ДАО е формирана кон крајот на минатата година од страна на поранешни функционери на ФПО, блиски соработници на Штрахе.
Според информации на австрискиот дневен весник „Естерајх“ говорот на Штрахе ќе биде борбен.
Може да се падне, но потоа мора повторно да се стане. Ќе останам секогаш верен на себе и нема да ги оставан на цедило луѓето кои веруваат во мене – изјави Штрахе пред денешниот говор на Сојузот за Австрија.
Штрахе во мај минатата година беше принуден да поднесе оставка од сите политички функции поради корупциската афера Ибица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.