Кинеските медиуми објавија дека штотуку родено бебе во Вухан е заразено со коронавирус.
Присуството на коронавирусот е утврдено само 30 часа после раѓањето на бебето, пренесе „Би-би-си“.
Ова е најмладата жртва заразена со коронавирус. Кинеската агенција соопштува дека состојбата на бебето е стабилна.
По овој случај се огласија лекарите во детската болница во Вухан наведувајќи дека постои можност бремените жени, кои се заразени со коронавирус, да ги пренесат на децата. Сите витални функции на бебето се стабилни, нема температура и не кашла, но има краток здив, истакнуваат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.