Талибанците веднаш по преземањето на власта воведоа строги правила за жените кои не смеат да излегуваат од дома без наметка. Но, постојат три вида на наметка, хиџаб,никаб и бурка и меѓу нив има големи разлики.


Хиџабот е наметка што жените традиционално го носат во присуство на возрасни мажи надвор од нивното потесно семејство, а служи за покривање на главата, косата и вратот.

Никабот е превез кој го покрива лицето но е отворен во пределот на очите, но може да се носи и со посебна мрежа за очи.

Бурката е најзатворен од сите превези и се состои од еден дел кој ги покрива и лицето и телото, често со тесна мрежа во пределот на очите.

ит

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.