Британската разузнавачка служба направила необичен чекор денес, негирајќи ги новинските извештаи дека британската разузнавачка агенција задржувала информации до министерката за внатрешни работи Прити Пател, бидејќи некои од разузнавачите не и веруваат.
“Sunday Times” известил дека службата за безбедност, позната како MI5, не и верувала на министерката, па така ја намалила количината на разузнавачки податоци кои и ги покажувала, пренесува “Reuters”.
Весникот навел дека разузнавачите редовно “превртуваат со очите” на интервенциите на министерката во текот на состаноците. Неименуван безбедносен извор рекол дека тој извештај не е точен.
Ниедна информација не беше задржана, рекол изворот кој зборувал под услов да биде анонимен. Секој извештај кој сугерира поинаку е едноставно погрешен и не служи за јавниот интерес, рекол неименуваниот извор. Извештаите кои сугерираат дека министерката за внатрешни работи и MI5 немаат силна врска едноставно не се точни, рекол изворот.
Според зборовите на изворот, министерката за внатрешни работи е известена секој ден за разузнавачките податоци на ист начин како и нејзините претходници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.