Шпанија наскоро сака да започне со ублажување на мерките за ограничувања кои во моментов се на сила поради пандемијата на коронавирусот, изјави денес шпанскиот премиер Педро Санчез.
Го достигнавме врвот и сега почнува падот – рече Санчез во речиси празниот парламент, бидејќи повеќето пратеници работат од дома.
Сепак, тој предупреди дека враќањето во нормален животен тек ќе биде „постепено“ и во согласност со тежината на моменталната здравствена криза, јави Си-ен-ен.
Се соочуваме со најголемата закана за јавното здравство од грипот во 1918 година. Сега не ни треба чекор наназад, бидејќи тоа нема да биде само неуспех, туку и враќање во епидемија – рече Санчез, и им порача на опозициските пратеници дека неговата влада „работи на планот“ за постепено враќање на Шпанија во некаква форма на „нормален живот“.
„Европа не може да си дозволи да не гледа”, кога станува збор за новиот коронавирус и ги повика пратениците да се обединат и да се залагаат за обединет европски одговор на кризата. „Европската унија е во опасност доколку не постои солидарност против вирусот”.
Шпанија е сега втора најзагрозена земја во светот по САД, со речиси 150.000 потврдени случаи на зараза со ковид-19 и 14.792 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.