Шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила денеска си поднесе оставка, додека Шпанија е среде третиот бран на коронавирус, затоа што ќе учествува на парламентарните избори во Каталонија во февруари.
Секогаш ќе бидам таму каде што можам да бидам најкорисен, рече Ила на прес-конференција.
Тој стана министер за здравство во јануари минатата година, а два месеци подоцна Шпанија ја погоди пандемија.
Неговата оставка среде третиот бран на корона кризата била критикувана од десничарската опозиција, критикувајќи го дека претходно не се обратил пред парламентот. Се пожали и малцински партнер во владата, левичарскиот Унидас Подемос.
Во Шпанија, околу 900 луѓе на 100.000 жители се заразени во последните две недели. Минатиот викенд бил рекорден. Од почетокот на епидемијата, во земјата со 47 милиони жители, заразени се скоро 2,6 милиони, од кои 56.208 починале.
Во Каталонија, автономна покраина на североисток, на 14 февруари се одржуваат предвремени парламентарни избори. Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) го избрала Ила за свој кандидат затоа што верува дека може да ги победи поборниците за независност. За време на пандемијата, Ила се појавуваше во медиумите скоро секој ден, а според последните анкети, тој може да освои најмногу гласови на чело на каталонскиот огранок на ПСОЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Comments are closed for this post.