Шпанската влада ќе прогласи десетдневна жалост и ќе им оддаде почит на луѓето кои ја изгубија битката со корона вирусот.

Од вторник, владата ќе прогласи жалост на целата територија на Шпанија, како сеќавање на сите жртви на пандемијата. Жалоста ќе трае десет дена и тоа ќе биде најдолг период на такво нешто во нашата демократска историја, истакна премиерот Педро Санчез.

Вонредната состојба во Шпанија е продолжена до 7 јули, но не е исклучено таа да биде дополнително продолжена ако има потреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.