Шпанскиот премиер Педро Санчез во вторникот објави дека војската на земјата ќе помогне во борбата против вториот бран на коронавирусот во трагање по изворот на инфекцијата.

Околу 2.000 војници се очекува да учествуваат во трагање по контакти, помагајќи им на регионалните влади на Шпанија, бидејќи земјата се справува со раст на нови случаи на заразени со корона вирусот.

Покрај тоа, Санчез изјави дека секој регион ќе може да побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба во нивните области. До денес Шпанија регистрирала над 400.000 инфекции на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.