Речиси 900.000 (поточно: 898.822) луѓе во Шпанија се без работа од 12 март, кога беа воведени мерки во земјата против ширењето на коронавирусот, вклучително и забраната за движење.

Повеќе од половина од отпуштените биле вработени на одредено работно време, пренесува „Ројтерс“. Во оваа земја, бројот на невработени се искачи на 3,5 милиони минатиот месец, што е најголем број од април 2017 година.

Шпанија, покрај Италија, во моментов е најзагрозената европска земја. Два авиони за помош слетаа на воениот аеродром во близина на Мадрид, едниот од Кина, другиот од Турција. Тие носеа маски, комбинезони и антибактериски средства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.