Илјадници граѓани протестираа синоќа на улиците низ Шпанија изразувајќи тага и гнев откако спасувачите го пронајдоа телото на шестгодишно девојче Оливија врзано за сидро во водите на океанот околу Тенерифе.

Спасувачите продолжуваат со потрагата по нејзината помала сестра, едногодишната Ана, откако го пронајдоа телото на нејзината постара сестра Оливија, а главен осомничен е нивниот татко Томас Г., кој уште во април не ги вратил децата на мајката од која бил разведен. Оттогаш се губи и неговата трага.

Телото на малата Оливија е пронајдено на длабочина од 1.000 метри во спортска торба, врзано со сидро, во близина на местото каде пловел бродот на нејзиниот татко. Во близина е пронајдена и празна спортска торба.

Властите побараа интензивно да се трага во тој предел откако предметите на таткото беа пронајдени морето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.