Во Шпанија стапи на сила Закон за евтаназија со што оваа пиринејска држава стана стана четврта земја во Европа што им овозможува на пациентите со неизлечива болест доброволно да изберат смрт за да стават крај на своето страдање.

Законот беше еден од приоритетите на владата на социјалистичкиот премиер, Педро Санчез.

Долниот дом на Парламентот го усвои законот во март.

Освен Шпанија, во Европа евтаназијата е легализирана и во Холандија, Белгија и Луксембург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.