Шпанија воведува контроли на копнените граници во обид да го забави ширењето на новиот коронавирус, изјави денеска министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
Тој рече дека властите само ќе дозволат влез на шпански државјани, на работници, дипломатите.
Одлуката за воведување гранични контроли, што треба да стапи на сила од денеска на полноќ, беше донесена во координација со партнерите на Европската унија, рече Гранде-Марласка во телевизиското обраќање.
Португалскиот министер за внатрешни работи Едуардо Кабри изјави денеска дека целиот железнички и воздушен патнички сообраќај со соседна Шпанија ќе биде стопиран од 23.00 часот по полноќ до 15 април, како резултат на епидемијата. Постигнат е договор меѓу двете страни.
Португалската министерка за здравство Марта Темиду изјави дека 80-годишен маж починал денеска од коронавирусот, што е прва смрт во земјата од почетокот на епидемијата. Португалија досега потврди 331 случаи на заразени од Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.