После две недели целосен карантин Шпанија од денеска ги укина ограничувањата за дел од бизнисите.

Од денеска ќе работат производствените погони и градежните компании, но со задолжително работење под максимални безбедносни контроли.

Дел од јавноста е незадоволна од овој потег на шпанските власти  бидејќи на овој начин се ризикува повторно да се зголеми ширењето на вирусот.

Според „Ворлдометар“, во Шпанија досега има регистрирано 166. 831 случај на заразен со Ковид-19. Досега се регистрирани 17. 209 смртни случаи, што ја рангира Шпанија на трето место по бројот на жртви, по САД (22. 115) и Италија (19. 899).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.