Шпанија ја надмина бројката од 40.000 починати како резултат на зараза со корона вирусот.

Во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 349 нови смртни случаи, со што земјата се вброи меѓу оне што имаат најголем број на смртни случаи од Ковид-19.

Во Франција, минатата недела беше надмината бројката од 40.000, а Велика Британија вчера објави 50.000 мртви.

Во вторникот, Шпанија имаше рекорден број на смртни случаи за еден ден – 400.

И покрај застрашувачките податоци, шпанските власти проценуваат дека епидемијата „полека се стабилизирала во претходните две недели“ на 525 заразени на 100.000 жители.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.