Властите во Шпанија објавија дека во борбата против корона вирусот ќе се потпрат и на армијата, чии 2.000 припадници ќе бидат распоредени за да им помогнат на регионалните власти во следење на заразените.

Според шпанскиот премиер Педро Санчез, развојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки“, иако, како што додаде, ситуацијата е сè уште далеку од она што беше кон средината на март, кога Шпанија воведе еден од најстрогите видови на карантин во Европа.

Не можеме да дозволиме пандемијата повторно да почне да ја презема контролата врз нашите животи. Контролата мора да ја преземеме ние и да ја разбиеме втората крива на раст на бројот на инфекции – порача Санчез.

Во Шпанија досега се регистрирани повеќе од 405.000 случаи на Ковид-19, а бројот на починати надмина 28.800.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.