Шпанија ќе почне да ги отвара своите граници за странски туристи од 1 јули, изјави денеска портпаролката на шпанската Влада Марија Хесус Монтеро.

Шпанската министерка за туризам Рејес Марото вчера изјави во врска со Франција и Португалија, од 22 јуни ќе бидат отстранети ограничувањата поврзани со копнениот превоз.

Сепак, Министерството за туризам подоцна појасни дека граничната контрола може да биде продолжена по 21 јуни и оти меѓународниот туризам ќе биде повторно отворен од 1 јули, без да прецизира што ќе се случи на границата со Франција и Португалија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.