Шпанското Министерство за здравство објави дека во изминатите 24 часа се регистрирани 141 нови случаи на Ковид-19 во земјата, што е значителен пораст од 76 заразени што беше објавен во вторникот. Земјата брои вкупно 244.683 инфицирани.

Бројот на смртни случаи од коронавирус останува на 27.136 лица, дванаесетти ден по ред.

Властите исто така соопштија дека вкупно 150.376 пациенти оздравеле од избувнувањето на вирусот во Шпанија, додека 124.732 се наоѓаат на болничко лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.