Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека планира да воведе задолжително носење маски на отворено поради драматичното зголемување на бројот на заразени со коронавирус.
Шпанците престанаа да носат маски на отворено пред шест месеци, а во Шпанија денеска се пријавени рекордни 49.823 случаи.
Омикрон брзо се шири во Европа, која повторно е во епицентарот на пандемијата.
Одлуката би можела да стапи во сила пред Божиќ
Во Шпанија се верува дека оваа варијанта ги предизвикала речиси половина од инфекциите.
Санчез им рекол на регионалните лидери дека мерката за носење маски на отворено ќе биде ставена пред министрите и потпишана пред Божиќ. Тој најави и забрзување на програмата за промоција на вакцините со поголемо учество на војската.
Минатиот Божиќ, некои шпански региони ги затворија своите граници, ограничувајќи го патувањето. Но, премиерот во парламентот се обиде да ја смири јавноста, велејќи: „Не грижете се, семејствата ќе можат да слават“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.