Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека е потребно строго затворање на земјата за уште 10 до 14 дена за да се спречи скокот во случаите на новиот коронавирус во земјата, јави ДПА.

Ако ги погледнеме податоците, вклучително и денешните, ни требаат уште најмалку 10 до 14 дена целосен прекин на контактите и на движењето, рече тој.

Според Шпан, следната недела треба да има целосно затворање во Германија, кое ќе заврши со католички Велигден, како и минатата година во исто време кога на Германците им беше кажано да останат дома за време на велигденските празници и да избегнуваат какви било контакти.

Претходно оваа недела, Владата на канцеларката Ангела Меркел се откажа од својот план за заострување на ограничувањата за време на католичкиот Велигден, тврдејќи дека спроведувањето е попречено од логистички и правни проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.