Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека Западот треба да ја прилагоди својата политика на можноста војната во Украина да трае многу долго и додаде дека ќе ја поддржува Украина се додека е потребно.

Мораме да се подготвиме дека рускиот чин би можел да трае долго“, рече Шолц, говорејќи на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Шолц додаде дека за тоа се подготвуваат и кон тоа ја ориентираат својата политика.

Германија ќе продолжи да биде цврст поддржувач на Украина онолку долго колку што е потребно. Сепак, очигледно е дека НАТО нема да стане страна во конфликтот“, истакна Шолц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.