Претседателот на САД, Доналд Трамп најави на својот Твитер налог дека нема да присуствува на инагурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. Трамп ова го објави после се погласните медиумски најави дека е можно гласање на негов импичмент.

Тој воедно најави дека неговите поддржувачи и сите Американци кои гласаа за него на изборите во 2020 година во САД ќе имаат „многу силен глас уште долго време“.
75.000.000 големи американски патриоти кои гласаа за мене, Америка на прво место и ние ќе ја направиме Америка повторно голема, ќе имаат многу силен глас уште долго време. Тие нема да бидат непочитувани или третирани неправедно на кој било начин и форма, објави Трамп на Твитер.
Откако неговите приврзаници упаднаа на Капитол по насилни протести во Вашингтон во средата, Трамп вети дека ќе обезбеди „уредена и непречена“ транзиција на власта на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.