Шкотските власти пријавија речиси 2.000 случаи на корона вирус поврзани со гледање на натпреварите на Европското првенство на стадионот во Глазгов, како и на јавни собиiри, во пабови и приватни домови.

Податоците се однесуваат на првите две недели од Европското првенство кога шкотската репрезентација одигра два натпревари на „Хемпден Парк“ во Глазгов и еден на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Заводот за јавно здравје на Шкотска објави дека вкупниот број на заразени навивачи со корона вирус е 1.991.

Речиси три четвртини од заразените се на возраст од 20 до 39 години и 90% случаи станува збор за машка популација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.