Борис Џонсон во разговор со шкотската премиерка, категорично го отфрлил нејзиното барање Шкотска да се одвои од Обединетото Кралство.

Борис Џонсон нема право да одлучува за Шкотска, му порача шкотската премиерка и додаде дека шкотските гласачи и дадоа силен мандат за втор референдум. Најави дека нејзината администрација следната недела ќе ги отвори правните процедури за распишување референдум за независност. Истото го повтори и денеска пред сопратијците.

Тој не може да ја замајува нацијата да го прифати неговиот поглед на светот, кога е јасно дека ние не го сакаме тој поглед на светот. Не може да биде појасно од резултатите на овие избори – дека Шкотска не ја сака владата на Борис Џонсон, не сака да ја напушти ЕУ и сака да одлучи за својата иднина, каква и да е, порача шкотската премиерка.

Шкотска Национална Партија го постигна речиси истиот успех како и Џонсоновите Ториевци, освојувајќи 48 од 59 места во шкотскиот парламент. Прмиерката е убедена дека  Џонсон нема храброст да се соочи со народот од северниот дел на земјата, бидејќи тие едноставно не го сакаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.