Европските полициски сили уапсиле 544 лица и заплениле голем број нелегални средства за допинг и фалсификувани лекови, вклучително и лажни лекови против Ковид-19..

Во операцијата, која се одвивала низ целиот континент од април до октомври, запленети се фалсификувани лекови и допинг производи кои се проценуваат на вкупна вредност од 63 милиони евра – се вели во соопштението на Европската полициска агенција – Европол.

Оттаму наведуваат дека со операцијата се разбиени 33 „криминални групи кои шверцувале допинг агенси, како што се хормонски и метаболички регулатори и разни лекови“.

Криминалците шверцувале лекови против рак, аналгетици, анксиолитици и лекови за еректилна дисфункција.

Дополнително, од почетокот на пандемијата, криминалните групи вложуваат поголеми напори за фалсификување на лековите кои се најбарани, забележува агенцијата.

За да ја зголемат заработката, криминалните мрежи се фокусираа на препродажба на фалсификувани „лекови за корона“, медицинска опрема и средства за дезинфекција кои потоа ги продаваат онлајн. 

Благодарение на заедничките напори на полицијата, препродажбата на фалсификувани фармацевтски производи поврзани со Ковид-19 е запрена – стои во соопштението на директорката на Европол, Кетрин Де Боле.

Полицијата запленила „три милиони пакети медицинска опрема против Ковид-19“, како маски за лице и средства за дезинфекција, а затворила и пет нелегални лаборатории.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.