Ширењето на новиот коронавирус нема да запре со настапувањето на топлото време и може да трае повеќе од една година. Тој став беше објавен на специјална пресконференција од група јапонски експерти и научници кои се членови на посебна владина комисија за борба против ширењето на коронавирусот, јавија јапонски медиуми.

Ширењето може да трае од неколку месеци до шест месеци, и можно е тоа да трае и повеќе од една година, нагласи еден од експертите.

Според нив, новиот коронавирус „за разлика од обичниот грип, не е вид вирус, што исчезнува со доаѓање на топло време“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.