Петмина тинејџери се префрлени во болница по пукањето во близина на средното училиште во градот Аурора во американската држава Колорадо.
Од локалната полиција соопштија дека осомничениот е во бегство, но не откриваат повеќе детали за нападот. Петте лица кои завршиле во болница се на возраст меѓу 14 и 17 години, јави „Си-Ен-Ен“.
Локалните медиуми, подоцна објавија дека шеста жртва на нападот сама се пријавила во болница.
Пукањето се случило во Ноум Парк, јужно од Централното средно училиште. Според статистиката на Националниот центар за образование, во училиштето има повеќе од 2.000 ученици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.