Шеикот Калид бин Султан ал Касими ненадејно почина во Лондон на 39-годишна возраст, а модниот свет денеска се простува од него. Тој беше моден дизајнер и сопственик на моден бренд за мажи.

Знамињата во Емиратите три дена ќе бидат на половина копје.

Извор тврди и дека во пентхаусот на модниот дизајнер во Книгтсбриџ пронашле наркотици. Детективите неговата смрт засега ја водат како „необјаснива“, а засега сè уште никој не е уапсен.

Неверојатно многу работеше и беше мошне талентиран. Беше прекрасна личност – изјавил поранешниот деловен партнер Елиот Фриезе.

Според неофицијалните информации, во станот во кој умрел синот на шеикот, била пронајдена дрога.

Таму веројатно се случувала забава каде што луѓето се дрогирале и имале сексуални односи – рекол неименуван извор.

Како што пишува „Дејли мејл“, постои сомнение дека смртта на Ал Касими е предизвикана од прекумерно земање дрога.

Шеикот на деветгодишна возраст се преселил во Лондон, каде учел во престижното училиште Тонбриџ во Кент. Во 2008 основал своја модна куќа Quasimi Homme, лани ја отворил првата продавница во Лондон, а настапувал и на модната недела во Париз и на Блискиот исток.

Инаку шеикот веќе загуби еден син. Во 1999 тогаш 24-годишниот Мохамед почина во Лондон од предозираност со хероин.

Според последните информнации од истрагата, истата судбина вчера ја доживеал и Калид, откако се предозирал на својата забава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.