Кина треба да учествува во глобалната контрола на оружјето, рече во средата генералниот секретар на Северно Атлантската Организација, Јенс Столтенберг, коментирајќи дека земјите надвор од НАТО треба да бидат попроактивни во намалувањето на нивните резерви на оружје.
Столтенберг рече дека, од крајот на Студената војна, нуклеарниот арсенал на НАТО во Европа е намален за 90%. Тој додаде дека Русија и Кина не го следат истиот тренд.
Претставникот на НАТО додаде дека воениот сојуз се согласил да ги зајакне своите можности за одвраќање и одбрана, но истакна дека НАТО не сака нова трка во вооружување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.