, Јосеп Борел, најави дека ќе се дискутира за можни санкции против Русија поради затворската казна за Алексеј Навални.

Борел, кој е мета на силни критики во повеќе земји на ЕУ поради неговата посета на Москва пред неколку недели, денеска треба да даде отчет пред министрите за надворешни работи на ЕУ на редовниот Совет.

Пред почетокот на состанокот Борел порача дека е јасно дека „Русија бара судир со ЕУ“.

Во случајот на господинот Навални има остро одбивање да се почитуваат обврските, вклучително и одбивање да се земат предвид одлуките на Европскиот суд за човекови права. Ќе има важна дискусија помеѓу министрите за надворешни работи за тоа како да се реагира на ова и се надевам дека тоа ќе го сториме на обединет и одлучен начин – изјави Борел.

На дневен ред на министрите за надворешни работи се и можните санкции против хунтата во Мјанмар и државниот удар.

Ќе се разговара и за нуклеарниот договор со Иран со надеж дека новата американска администрација на Џо Бајден ќе прифати да се врати во оваа спогодба откако Доналд Трамп ја напушти.

Борел најави дека на маса ќе биде и, како што рече, репресијата на режимот во Белорусија против опозиционерите, како и ситуацијата во Сахел и јужното соседство на ЕУ. Министрите ќе разговараат и за предизвиците во одбраната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.