Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, обелодени дека се обезбедени „неспорни“ докази за труењето на рускиот активист и критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Застанавме рамо до рамо со Германија и Франција и ќе сториме се што е потребно за да воведеме санкции за руските официјални лица одговорни за труењето на Навални – порача Раб.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и неговиот германски колега Хајко Маас во средата ја повикаа Европската унија да воведе санкции кон Русија во врска со наводното труење на Навални.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.