Белорускиот министер за надворешни работи, Владимир Макеј, во документарниот филм, „Белорусија против револуциите“ вели дека САД се обидуваат да ги вклучат Белорусија и Украина во НАТО.
Ќе цитирам само една изјава од Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на САД, кој ја посети нашата земја и тогаш рече дека Украина и Белорусија треба да бидат примени во НАТО за да се избегне сивата зона меѓу Русија и Северноатлантската алијанса – истакнува Макеј.
Во август 2019 година, тогашниот американски советник за национална безбедност, Болтон го посети Минск, каде што разговараше со шефот на белоруската дипломатија Макеј и со претседателот Александар Лукашенко.
Вашингтон тогаш изрази очекување дека изборите најавени за 9 август 2020 година ќе бидат транспарентни и фер, но по одржаните избори оцени дека изборниот процес не бил демократски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.