Британската влада ќе го почитува законот и ќе има „претпазлив оптимизам“ дека ќе постигне договор за брегзит со Европската унија до 31 октомври, изјави денеска министерот за меѓународен развој, Алок Шарма.

Апсолутно ќе го почитуваме законот. Работиме неверојатно напорно, за да постигнеме договор, но ќе ја напуштиме ЕУ на 31 октомври – изјави Шарма за Би-Би-Си.

Премиерот Борис Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври со или без договор, но Парламентот го донесе законот со кој се обврзува да побара продолжување на рокот ако не се постигне договор до 19 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.