Обвинителите за Ченсли побараа подолга затворска казна, 51 месец затвор, откако тој во септември се изјасни за виновен за учеството во блокирање на работата на американскиот Конгрес. Казната од 41 месец затвор одговара на таа што истиот судија му ја изрече на тренерот на боречки вештини, кој беше снимен како удира полицаец за време на крвавите настани.

Двојката досега ги доби двете најстроги казни од вкупно 675-те обвинети за упадот во Капитол.

Судијата по пресудата кажа дека верува дека 34-годишниот Ченсли, кој е во притвор од јануари, „се вратил на вистинскиот пат”.

– Најтешкиот дел од ова е да се знае дека јас сум виновен, рече тој во изјавата пред пресудата.

На Ченсли во затворот му е дијагностицирана шизофренија, заедно со биполарно растројство, депресија и анксиозност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.