Mинистерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, пред самитот на ЕУ во чиј фокус ќе бидат односите со Русија, изјави дека Европската Унија сака да гради дијалог со Русија, но дека Москва во моментов не е заинтересирана.

Односите меѓу Русија и ЕУ се дефинитивно затегнати и во втор план. За танго се потребни двајца, како што вели поговорката. Европската Унија сака дијалог. Ние сакаме канали за разговори, но тоа бара реакција од другата страна, која мора да го сака истото – изјави Шаленберг за австриското радио „О1“.

Според Шаленберг, ЕУ и Русија треба да соработуваат за многу прашања, од климатските промени до енергетскиот сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.