Северна Kореја нема официјално пријавено ниту еден случај на заразен со корона вирусот, но очекува да добие речиси два милиони дози вакцини против Ковид-19.
Според водечките агенции на глобалната програма за вакцини „Ковакс“, Северна Кореја треба до средината на годината да добие од вакцината развиена од компанијата „АстраЗенека“ и универзитетот во Оксфорд.
Според привремениот извештај на „Ковакс“ за распределбата на вакцините, Северна Кореја треба да добие 1,99 милиони дози иако во земјата нема регистрирани случаи на инфекција со корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.