Гасоводот „Северен поток 2″ меѓу Русија и Германија треба да заврши за неколку недели, соопшти операторот.

Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на август, изјави шефот на Северен поток 2, Матијас Варниг, за германскиот весник „Ханделсблат”.

Досега се завршени 98 процент од гасоводот. Двата проценти што сè уште недостасуваат се однесуваат на една од двете линии. Втората линија е завршена, изјави Варниг.

Според него, целта е гасоводот да почне со работа оваа година.

Гасоводот долг 1.200 километри го преминува Балтичко Море и ќе може да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, заобиколувајќи ја Украина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.