Меѓу деветте жртви во масовното пукање во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо, што се случи синоќа, е и сестрата на напаѓачот, потврдил на прес-конференција денеска портпаролот на локалната полиција. Во синоќешното пукање ранети се 27 луѓе.
Втората жртва е Меган Бетс, бела жена, на 22-годишна возраст, која заедно со својата пријателка, биле најдени застрелани во автомобил, рекол полицискиот портпарол читајќи го списокот на жртвите.
Полицијата во Охајо го идентификувала вооружениот напаѓач како 24-годишниот Конор Бетс, кој живееел во близина на местото на злосторството, во градот Белбрук. Напаѓачот бил елиминиран од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.