Дваесет и двегодишната Ана Флоренс Рид од Велика Британија пронајдена е мртва во хотелска соба во Швајцарија.

Гости и хотелскиот персонал повикале полиција откако слушнале викотници од собата во која била Рид заедно со нејзиното 29-годишно момче од Германија. Момчето е приведено и обвинето за убиство, а во полиција кажало оти Ана починала откако секс играта тргнала во лош правец.

Безживотното тело на девојката било пронајдено со скршеници и посекотини. Според полицијата, причината за смртта е гушење.

Парот во хотелот во кој ноќевање чини 200 фунти пристигнал во понеделникот.

Момчето на Ана се спуштило до рецепција и им кажало оти таа има „здравствени проблеми“.

Девојката била пронајдена на подот во бањата, иако лекари се обиделе да ја реанимираат, не можеле да ја спасат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.