Австралиската полиција го испитува инцидентот помеѓу сенатор и висок советник кој остави крв на ѕидовите на австралискиот парламент.

Полицијата и парламентарците го испитуваат судирот меѓу 70-годишниот сенатор Брајан Бурстон и вработен кај популистичката сенаторка, Полин Хансон.

Бурстон покажа исекотини на палецот по расправијата и призна дека ја измачкал вратата на кабинетот на Хансон со крвта.

Во соопштението, тој вели дека “го пријавил случајот на австралиската полиција” и побарал целосна забрана за приближување на помошникот.

“Случајот е сега во рацете на полицијата”, додаде тој.

Исто така и на помошникот Џејмс Ашби, кој е клучен за влијанието на Хансен во австралиската политика, му е забрането да влегува во парламентот.

Расправијата, која била снимена на камерите, настанала откако Бурстон ја обвинил Хансон за несакани сексуални совети а таа обвинила неименуван сенатор (веројатно Бурстеон) за сексуално малтретирање.

Околу наводните обвиненија, Хансон, лидерката на партијата “Една нација” рече дека иако има 64-години, не е “толку очајна”.

Двајцата сенатори се поделија политички минатата година и оттогаш се во расправија.

Неодамна, Гардијан објави дека еднаш Бурстон бил обвинет од негова помошничка за понуда за секс за да ја расположи. Тој го негираше тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.